Е-учењето нуди методи за подобра евалуација на
знаењето. Вклучува аквизиција, генерирање и трансфер на знаењето преку употреба
на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ). Тоа претставува комбинација
на модерни интерактивни методи на учење. Сепак, многу често терминот Е-учење се користи за обичен веб –
базиран тренинг, но ова е многу погрешно, бидејќи е-учењето претставува многу
поширока област која ги комбинира модерните методи на учење со менаџментот на
знаењето и притоа нуди методи за подобра евалуација на знаењето. Системотите
за електронско учење имаат за цел да ги централизира на едно место сите
информации во врска со предметите и курсевите во рамки на една образовна
институција. Со тоа, се воведува поголема интерактивност на студентите во
наставата, се доближуваат наставните теми и содржини до студентите и им се
овозможува да следат известувања и резултати од испитите, каде и да се, преку
интернет. Ова е воедно најголемото позитивно влијание што електронскот
учење го има во општеството.
No comments:
Post a Comment